Иако беше фаворит од сенка сепак Брајан Рикеман прв ја мина целта на 28. Охридски пливачки маратон. Тој триумфираше во фото финиш пред македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев.

– Добра и неизвесна трка до самиот крај. Имав среќа што останав на врвот и со Поп Ацев влеговме во фото финиш каде што пресуди физичката подготвеност. Секако дека сум среќен и следната година ќе дојдам во Охрид да се натпреварувам со останатите пливачи – рече победникот.

Ова е прв триумф и прв пиедестал за Белгиецот, Рикеман и дополнително ја замеша ситуацијата на врвот пред последната трка во Италија.

Мх.П.