Бидејќи правата на прикажување на нејзиното реално шоу се веќе откупени во Велика Британија, Ријана оди во напад на американскиот пазар.Во нејзиното реално шоу ‘Styled to Rock’фокусот нема да биде на дизајнот, туку на облекувањето на славните кое Ријана го преферира.
Ќе се појавуваат и други познати личности, но Ријана ќе биде главна ѕвезда, со што уште повеќе ќе го брендира своето име и имиџ на кој работи напорно во последно време. Засега се планирани десет епизоди за ова шоу на убавата пејачка од Барбадос, а се очекува да се види дали ќе биде успешно и ќе продолжи со понатамошно снимање.