Ријана тврди дека нејзиниот сметководител ја водел во финансиска пропаст во 2009 година, бидејќи носел луди и глупави одлуки за вложувања и потрошил многу пари. Таа рекла дека поради глупавиот сметководител останала речиси без ништо. Сега одлучила да го тужи, а во правните документи наведува дека на почетокот на 2009 година имала 11 милиони долари, а до крајот на истата година останале само два.
За нештата да бидат уште полоши, нејзините лични трошоци двојно се зголемиле, поради што малку фалело да остане буквално без ништо. Таа го обвинува сметководителот и за тоа што и рекол дека може да купи куќа од седум милиони долари, а подоцна таа куќа ја продала за два милиони помалку. Исто така убавицата од Барбадос тврди дека на турнејата “Last Girl on Earth” губела пари наместо да заработува, а нејзиниот сметководител не сторил ништо околку тоа. Иако сега има околу 43 милиони долари на сметката, одлучила да го тужи за негрижа.