Популарната пејачка Ријана се испроба и во улога на моден креатор, и на модна ревија во Њујорк ја претстави својата колекција „Фенти Пума“, иснпирирана од Јапонија, со креации на улиен стил во речиси исклучиво црно-бели тонови. Во интервју пред ревијата, која беше одржана во мрачна атмосфера налик на шумска, на цена окружена со чад и огледала, пејачката од Барбадос рече дека ужива во креирањето и изразувањето на идеите кои и паѓаат на памет.

 

Како што вели, ужива во откривањето различни стилови, материјали и кроеви, што, објаснува, не е лесно, но не е ни многу напорно. Таа со години често присуствува на модните седмици на ревии на креатори како што е Александер Ванг, и сега вели дека е инспирирана од многу големи светски дизајнери, иако не сака да именува некој од нив, бидејќи не сака некого да имитира. На нејзината ревија присуствуваше многубројна публика во кои беа и американскиот актер и домаќин на Оскарите Крис Рок, супемоделот Наоми Кемпбел, креаторот Џереми Скот и уредничката на Вог Ана Винтур.