Популарната пејачка Ријана поради големиот број концерти и напорната турнеја веќе неколку дена се чувствувала лошо. Блиските пријатели тврдат дека западнала во некој вид депресија и дека минатиот петок пред настапот во Даблин толку плачела, што едвај успеала да излезе на бината. Пратечкиот вокал Брајан, кој ја следи Ријана на концертите веќе неколку години, рекол дека пејачката се чувствувала толку слабо, што едвај собрала сила да ја поздрави даблинската публика.
Никој не можел да ја смири, па и се јавиле на нејзината добра пријателка Бијонсе и и рекле дека не знаат што да прават со неа. Бијонсе веднаш ја повикала на телефон и и рекла да издржи уште малку, па потоа ќе се одмара една година. Таа на својата помлада колешка и рекла да биде професионалец и да ја одработи турнејата до крај. Набрзо после тоа Ријана се смирила и излегла да пее.