Ријана покажа речиси се во своето секси издание на карневалот на Барбадос. Славната пејачка се врати на родниот карипски остров каде е одржана голема парада. За таа прилика носела минјатурен дијамантски градник и гаќички, како и крила и огромен украс на главата од пердуви. Ријана благодарение на костумот не се расликуваше од професионалните карневалски танчерки. Убавицата постојано танцувала, доека сите воодушевени гледале во неа.
Пејачката со фотографии од карневалот се пофали и на социјалните мрежи, а потоа доби голем број комплименти на сметка на нејзиното танцување. Судејќи по фотографиите, Ријана одлично се забавуваше, па се опушти со цигари и алкохол. Јасно е дека нема проблем со покажување на своето тело, па не и сметаат ниту медиумските шпекулации дека ставила неколку килограми вишок. Во нејзина близина постојано бил и формула 1 возачот Луис Хамилтон, за кој се зборува дека го освои срцето на славната пејачка.