Пејачката Ријана е прогласена за модна икона на годишното доделување на Наградите за модни дизајнери на Америка, а имајќи во вид каков фустан носела, не било можно а да не биде забележана. Провидниот светликав фустан откри дека убавицата од Барбадос не носи градник. За оваа прилика ријана очигледно одлучила уште еднаш да покаже дека нема проблем со тоа да ги испроба сите опции, кога во прашање е модата.

Својот задник и гради ги изложила на погледите на јавноста, до тој степен каков што немавме можност да ја видиме ниту на Инстаграм. Фустанот е креација на Адам Селман, а украсен е со 216 илјади Сваровски кристали.