Поп пејачката Ријана продолжува со своите провокативни појавувања, а тоа го докажала и на натпревар од НБА лигата, кога се појавила во провидна маица и без градник. Пејачката во друштво на своите пријатели свратила во Њујорк, каде гледала кошаркарски натпревар, на кој секако била во центарот на вниманието.
Најзаслужни за тоа биле нејзините гради, кои јасно можеле да се видат низ провидната маица. Неодамна учествувала и на снимање на едиторијал за едно француско списание, за кое позирала речиси целосно гола.