Пејачката и актерка Ријана ќе глуми негативец во шестото продолжение на филмот “The Fast and the Furious”, пренесуваат британските медиуми. Ријана, наводно, ги импресионирала сценаристите во своето актерско деби, така да тие оцениле дека ќе биде идеална за улогата на негативец во новиот филм.
Ријана во филмот за автомобили и улични трки ќе игра покрај Вин Дизел и Двејн Џонсон, а дејството на филмот кој ќе почне да се снима идниот месец се одвива во Лондон.