Популарната контраверзна поп пејачка Ријана би можела да добие улога во новиот филм за Џејмс Бонд, пренесуваат британските медиуми. На пејачката наводно продуцентите на филмот и понудиле помала улога.
Снимањето на филмот би требало да започне на 6 декември, а во кината се очекува во ноември 2015 година. Во новиот филм, 24. по ред во серијалот, кој ќе го режира Сем Мендес, Даниел Крег по четврти пат ќе ја репризира улогата на тајниот агент 007.