Поп пејачката Ријана се споменува како фаворит за главната улога во филмот за една од најголемите поп ѕвезди, Витни Хјустон. Пријателот на покојната ѕвезда, Клајв Дејвис се наоѓа на чело на проектот и сака пишувањето на сценариото да се заврши што поскоро како би започнале снимањето на филмот. Во конкуренција за главната улога покрај Ријана се уште и Џоџин Спаркс, оскаровката Џенифер Хадсон и Вивика Фокс, а ќерката на Вил Смит најверојатно ќе ја игра пејачката во младите денови.

Филмските продуценти се надеваат дека Ријана, доколку биде избрана за улогата, ќе се согласи да заигра во филмот, бидејќи веќе одбила улога во римејкот на „Телохранител“ во кој глумела Витни Хјустон. Витни Хјустон починала на 11 февруари во својата хотелска соба на возраст од 48 години.