Ријана по раскинувањето со Дрејк западнала во голема депресија. Иако верувала дека конечно пронашла личност со која би можела да го мине остатокот од животот, музичарот одлучил дека најдобро е да ја прекинат романсата, бидејќи му недостигала слободата.

Ријана цврсто верувала дека после неуспешната врска со Крис Браун среќа ќе пронајде со Дрејк, но поради неоговото слободно однесување често се карале, па музичарот одлучил дека најдобро е да се разделат. Извор близок до Ријана рекол дека е тешко кога машко ќе ви каже дека мора да направите пауза во врската како тој би можел да бие слободен. Ријана никогаш не го ограничувала. Изворот додал дека сепак е добро што ова се случило на време и дека Ријана од сето ова ќе извлече добра поука.