Поп пејачката Ријана во 2012 година сака две нешта, и тоа да најде вистинска љубов и да ги остави цигарите, пренесуваат таблоидите. Таа наводно одлучила во Новата година повеќе да се грижи за своето здравје и да побара момче, бидејќи ќе има повеќе време. Извор близок на Ријана рекол дека таа планира да се посвети и на вежбањето, бидејќи се плашела дека може да се здебели доколку престане да пуши.

Истиот извор рекол и дека пејачката е многу пребирлива кога во прашање се мажите, но била многу ангажирана во пронаоѓањето на нов маж во нејзиниот живот. Изминативе неколку седмици била поврзувана со партнерот од спотот за песната “We Found Love”, Дадли О’Шонеси, пејачот Ашер и поранешното момче Крис Браун.