По се изгледа Ријана е вљубена до уши во актерот Ештон Качер. Медиумите тврдат дека се заедно веќе два месеци и дека пејачката сакала Ештон, кој пред извесно време се развел од Деми Мур, да оди со неа во Велика Британија, каде таа за време на летните месеци ќе има концерти. Наводно пејачката била толку загреана, што Ештон го запознала и со својот брат Рори.
И додека Ријана е пресреќна за својата нова врска, Деми Мур наводно одлучила дека во нејзиниот живот нема повеќе место за Ештон. Извор близок на актерката тврди дека написите за новите девојки на Качер во последно време ја разлутиле Деми, која била повредена поради тоа што младиот актер не сваќал низ каков тежок период минува таа.