Ријана многу се гордее со своите гради, и на секои неколку денови своите обожаватели на Твитер ги изненадува со некоја нова фотографија на која секогаш има се помалку и помалку облека. Убавата пејачка од Барбадос моментално се одмара на Хаваите, каде за прв пат и облекла нов костум за капење кој бил направен од три сребрени траки.
Провокативно облечената пејачка се забавувала со пријателите на брод, а потоа се снимала во хотелската соба, и фотографиите ги поделила со обожавателите. Инаку, овие денови таа била во центарот на вниманието бидејќи пушела сомнителни цигари, меѓутоа написите по медиумите ја оставиле рамнодушна. Единствениот нејзин коментар бил дека го сака животот и сака да ужива во убавите работи.