Популарната пејачка Ријана на својот концерт удрила со микрофонот гостин кој ја фатил за раката и не сакал да ја пушти. Инцидентот се случил во Бирмингем каде таа држела концерт во рамките на својата турнеја „Diamonds“.
Убавицата од Барбадос ја пеела истоимената песна „Diamonds“, кога слегла од бината во публиката, каде се поздравувала со присутните. Меѓутоа, еден од фановите од првиот ред ја фатил за рака и не ја пуштал, по што таа го удрила со микрофонот и продолжила понатаму.