На насловната страница за специјалното издание на магазинот GQ, кое ќе биде издадено на 31 октомври, се наоѓа Ријана која наместо облека, на себе носи голем питон, а на главата наместо коса има „гнездо“ од змии. Пејачката на фотографијата за популарниот магазин е со полуотворена уста, со змијарник на глава и со издолжени зеници. Фотографијата е дело на Маријано Вајвено кој питон го поставува околу вратот на Ријана, додека пак пејачката градите ги покрива со рацете.
Ријана за фотографијата вели дека целта била таа да биде прикажана како грчката божица Медуза, митско суштетсво, која наместо коса имала змии. 25 годишната ѕвезда се уште се наоаѓа на светска турнеја, и претходниот ден имала концерт во Израел. Пред да се врати во Америка, ќе одржи концерт во Порто Рико и во родниот Барбадос. Специјалното издание на магазиниот се прави по повод 25 годишното постоење на списанието.