Ријана никогаш не криела дека ужива во пушењето марихуана, а со најновата фотографија на Твитер им порачала на властите да дека конзумирањето на марихуната треба да се легализира. Пејачката позирала со два големи џоинти во устата. Ден по настапот во Даблин, Ријана во хотелската соба пушела марихуана, а фотографијата ја поделила со фановите на Твитер. Убавицата од Барбадос која има многу пороци под неа напишала „легализирајте ја“.
Пејачката во април го прославила денот на марихуната во друштво на Адриана Лима, кога од обожавателите на подарок добила торта во форма на лист од таа билка. Изгледа дека Ријана и понатаму пати од раскинувањето со Крис Браун. Тие двајца повеќе воопшто не комуницирале, а Браун наводно од својот следен албум го отстранил заедничкиот дует “Put It Up”.