Ријана снимила ремикс за песната “Birthday Cake” со своето поранешно момче Крис Браун, кој пред три години ја претепал и имал забрана да и се приближи на пејачката. Пејачот Крис Браун, кој минатата седмица освои Греми награда, го завршил снимањето на две верзии на песната на Ријана.


Копродуцентот на песната рекол дека ремиксот просто ќе го шокира светот. Оваа седмица популарниот рапер бил на прославата на роденденот на Ријана на Беверли Хилс, што ги подгреало шпекулациите дека убавицата од Барбадос и Крис браун се повторно во врска.