Ријана го прославила крајот на успешната турнеја „Loud“ со капење во скапоцено шампањско. Популарната пејачка шестмесечната турнеја ја привела кон крајот на 22 декември со концертот во лондонската О2 арена, а после настапот нарачала дванаесет шишиња старо шампањско од сортата “Armand de Birgnac” за 3600 фунти.
Кога шампањското стигнало, Ријана скромно облечена, со своите најблиски соработници во тоалетот на својата гардероба го прославила успехот така што членовите од нејзината екипа ја прскале со скапоценото француско пенливо вино.