Ријана во интервју за британското издание на списанието „Ел“ открила дека сака да заснова семејство со Крис Браун и порачала дека нивниот однос е посебен. Пејачката рекла дека неа и Крис ги врзува посебна љубов, токму онаква за каква пее во својата најнова песна “Stay”.
Таа рекла дека “Stay” е приказна за љубовта и односот кој е толку близок и за кој сакаш да трае засекогаш. Го немаш тоа чувство со секоја личност и затоа тоа не сакаш да го изгубиш. Дефинитивно за неа таква личност била Крис. На прашањето дали сака да се оствари во улогата на мајка, таа рекла дека најверојатно ќе има деца. Сакала да среди некои работи во својот живот, бидејќи како што рекла не ќе може цел живот да оди на турнеи и да одржува концерти.