Пејачката Ријана, која моментално се одмара на Барбадос во друштво на колешката Кети Пери, изјавила дека би сакала да сними дует со групата „Којдплеј“, кој би го извеле на доделувањето на музичките награди “Brit Awards”. Таа со оваа група веќе соработувала на песната “Princess of China” од албунот “Mylo Xyloto”.
Рекла дека Крис Мартин е прекрасен човек. Според неа, неговите песни едноставно биле прекрасни и дека била негова голема обожавателка. Додала дека би сакала повторно да пее со „Колдплеј“ и дека нестрпливо чекала на нивниот повик.