Популарната пејачка Ријана открила дека би сакала да глуми во филм кој зборува за љубовта на две лезбејки. Убавицата од Барбадос е исклучително задоволна со улогата во остварувањето “Battleship” и планира да продолжи со актерската кариера. Нејзината улога во акциониот филм “Battleship” добила позитивни коментари од критичарите, а нејзиниот следен чекор по се изгледа ќе биде комедија.
За време на едно интервју Ријана била запрашана кој актер би го избрала за партнер во романтична комедија, на што таа возвратила со прашање дали тоа мора да биде машко. Потоа прокоментирала дека улогата на лезбејка за неа претставува интересен предизвик. Во слична улога веќе се нашла снимајќи го спотот за песната “Ti amo”, која зборува за неостварената љубов помеѓу две девојки.