Контраверзната пејачка од Барбадос, Ријана, која има 27 години, се фотографирала за насловната страница на мајското издание на популарното списание “V”, и тоа топлес и со платинесто руса перика, а инспирација, како што вели, пронашла во шеесеттите години од минатиот век.
Освен за разголувањето и за поместувањето на границите, Ријана во интервјуто за списанието зборувала и за осмиот студиски албум “R8”, кој веќе има еден голем обожавател, таа самата. Рекла дека на новиот албум можела креативно да се изрази и без било какви ограничувања да се обиде да го направи она што го сака.