Убавицата од Барбадос со години не шокира не само со песните, врски и слободното однесување, туку и со фотографии кои често ги поставува на социјалните мрежи. Сега подигна прашина позирајќи за француското списание „Луи“, а поради провокативната насловна друштвената мрежа Инстаграм барала од Ријана да ја отстрани спорната фотографија, а во спротивно ќе и го угаселе профилот. Пејачката последниве неколку седмици интензивно шокира. Неодамна е снимена на еден балкон во Холивуд, а на себе имала само патики и маица која не покривала дел од градите. А потоа го снимила најпровокативниот едиторијал досега, позирајќи топлес за насловната на списанието „Луи“.

Повеќе од провокативните фотографии, меѓу кои се издвојува онаа на која Ријана ги покажува градите, толку ги вознемириле вработените во Инстаграм, што и порачале дека нејзиното покажување на брадавиците ја надминало секоја мерка и дека нејзиниот профил на Инстаграм ќе биде отстранет доколку не ја отстрани таа фотографија. Инаку на спорната фотографија пејачката на себе имала само шешир и гаќички. Од тоа Ријана не била спречена да се префрли на Твитер и таму да ги објави своите фотографии.