Иако пејачката Ријана на големо тргна на турнејата на која го промовира новиот албум, успеа да издвои време како би снимила спот за вториот сингл од новиот албум „Анти“. Нема ништо изненадувачко во фактот дека Ријана сака да снима секси спотови, но факт е исто така дека овој пат отиде чекор подалеку па во новиот спот можеме да ја видиме во најпровокативно издание досега.
Односно, под услов новиот спот да не биде цензуриран како многу пред него, бидејќи пејачката од Барбадос се одлучи за крајно необичен стајлинг. Папараците успеаја да ја фотографираат Ријана на сетот во Мајами, каде го снима најновиот спот, а освен танга гаќички и провидна наметка, убавата РиРи на себе нема ништо друго.