Здружението на американски дизајнери ја прогласило Ријана за модна икона за 2014 година. Наградата на 24-годишната пејачка ќе и биде доделена на 2 јуни во Њујорк по повод годишнината од основањето на здружението. Ласкавото признание се доделува на позната личност чиј стил на облекување имал најголемо влијание на поп културата ширум светот.
Меѓу претходните добитници на оваа награда се пејачката Лејди Гага, манекенките Иман и Кејт Мос и актерката Никол Кидман. Ријана заедно со Еминем во август во Лос Анџелес ќе започне мини турнеја. Двајцата уметници претходно соработувале на хитовите “The monster” и “Love The Way You Lie”.