Ријана наводно е присилена да ги откаже концертите од својата турнеја поради слабата продажба на влезниците.
Непознат извор изјавил дека продажбата на влезниците во големите американски градови била многу мала, така што со заработените пари едвај би се покриле трошоците за осветлувањето и сцена.
За нејзиниот настап во Бостон биле продадени само 3700 влезници. Откако престанала да соработува со својот прв менаџер Марк Џордан нејзиниот нов менаџер Џеј Браун се подготвува за воведување промени. Турнејата започнува на почетокот на следниот месец во Балтимор, по што ќе пее во Канада, САД и Англија.