Речиси сите светски медиуми пишуваат дека холивудскиот актер Ештон Качер е во врска со пејачката Ријана. Иако досега никој не слушнал дека се во пријателски односи, Ријана и Ештон очигледно имаат тајна врска, бидејќи таа била видена како излегува од неговата куќа.
Имено, пејачката околу полноќ влегла во куќата на Ештон Качер во Холивуд. Излегла дури пред зората, околу четири часот наутро. Медиумите пишуваат дека доколку биле само пријатели, немало да се гледаат тајно во раните утрински часови. Кога станува збор за Ријана, на изненадувањата им нема крај.