Ријана и Сили се забавувале до 2006 година, кога пејачката поради големиот успех на хитот “Umbrella” се преселила во САД и започнала светска кариера. Меѓутоа, добро упатени извори тврдат дека таа и поранешното момче останале во контакт и претходните години, и дека сега меѓу нив повторно се разгорела љубовта.
Парот бил забележан претходниве неколку дена на Барбадос, заедно излегувале и делувале многу блиски, не обидувајќи се да се сокријат од погледите на љубопитните минувачи.
Еден од пријателите на пејачкта раскажал дека Сили бил првата голема љубов на Ријана. Тој на Барбадос бил познат како голем заводник. Сите жени го сакале, па така го заработил и прекарот „љубовен бог“.