Изгледа дека Ријана никако не сака да носи облека, а во прилог на тоа одат и неодамна објавени фотографии, на кои таа е топлес, повторно. Пејачката подигнала вистинска бура во јавноста кога се фотографирала за едно француско списание, носејќи само маица, додека од појасот надолу била потполно гола.
Овој пат е поинаку. Таа снимила моден едиторијал за списанието „Вог“, а на повеќето фогорафии е топлес. Познато е дека Ријана во секоја прилика сака да го експонира своето тело, така да сигурно не и било проблем да се разголи за потребите на списанието. Овие фотографии пејачката ги објавила на својот Инстаграм, за што би можела да упадне во проблеми од страна на модното списание.