Популарната пејачка Ријана гостувала во ток шоуто кај водителот Џонатан Рос. Зборувала за тоа дека не ужива да е сама и дека повторно бара љубов. Рекла дека бара кул, забавен и смешен човек кој не е импресиониран со нејзината слава.
Потоа во емисијата ја извела нумерата “Talk That Talk”. Заводливо танцувала и вртела со колковите пред водителот, кој на крајот станал и танцувал со Ријана.