Ријана одлучила повеќе да нема работа со музичари, што се однесува до романтичните и интимни нешта. Минатото покажало дека таа навистина нема среќа во љубовта кога се плетка со луѓе од струката. Иако никаде не се споменува зборот „никогаш“, се нагаѓа дека нејзината одлука ќе биде на сила долго време. Откако останала со скршено срце, Крис Браун и Дрејк за неа официјално се завршена приказна.

 

Извор близок до неа наведува дека таквите врски не и донеле ништо добро, само патење и скршено срце. Таа за тоа едноставно нема време. Истиот извор додал дека таа сега е возрасна и може да си пронајде некој добар за во кревет, но сега сакала повеќе и смета дека момчињата од струката, посебно раперите, немаа клуч со кој би го отклучиле нејзиното срце.