Ријана неодамна била видена во Отава како излегува од секси шоп со полни торби, а продавачката открила дека пејачката купила камшик, лисици и многу други слични предмети. Таа по се изгледа одлучила сценариото од спотот за својата песна “S&M” да го претвори во стварност. Меѓу останатите предмети кои ги купила имало и огрлица со ремен, долен веш кој се јаде и чоколадо во облик на пенис.
Кога ја платила сметката, која изнесувала околу илјада долари, и се обратила пејачката која и рекла „ти посакувам добра забава“. на тоа Ријана само и одговорила „секогаш ја имам“. Во нејзиниот поход по секси играчки друштво и правел раперот Дрејк, а во последниве неколку месеци медиумите шпекулираат дека тие двајца се во врска, иако тие тоа сеуште не го потврдиле.