Нашминкана во живи бои, во костум кој потсетува на самба танчерките за време на карневалот во Рио, Ријана со своето провокативно однесување изненадила многумина кои за затекнале на фестивалот на Барбадос. Пејачката толку се опуштила во својата родна земја за време на фестивалот Кадументм, што во одредени моменти низ луѓето ја носеле на рамена додека таа се забавувала пиејќи алкохол од големи кригли кои не ги испуштала од рацете.


Ријана била повеќе од расположена бидејќи продолжила да игра низ улиците дури и кога започнало да врне дожд. На насобраните без престан им праќала бакнежи и танцувала со секој обожавател кој и пришол, а со некои од нив изиграла и по некој валкан танц со многу провокативни движења, па било јасно дека младата ѕвезда испила малку повеќе.