Верувале или не, Ријана побарала од судот да ја повлече забраната за приоѓање на Крис Браун. Иако оваа вест ги шокирала нејзините фанови, познатата пејачка рекла дека тоа не значи дека тие двајца ќе се смират, и додала дека таа нема да прозбори со него до крајот на својот живот.


Таа изјавила дека тоа го прави поради тоа што не сака нивната лична кавга да има влијание врз неговата кариера. Доколку забраната би останала на снага, тој не би можел да настапува на ниту една манифестација на која ќе се наоѓа и Ријана, ниту на некој концерт и слично.