Пејачката Ријана која моментално престојува во Лондон, платила дури 15 илјади евра за да ја доведе својата фризерка од Лос Анџелес за да и ги среди прамените и да ја потстрижи. Популарната пејачка неодамна стана блондинка, а откако ги расипала прамените во сауна, и платила место во прва класа на својата фризерка која долетала во Лондон за да среди ѕвездата.
Како што пренесуваат медиумите, Ријана минала цел ден во базен и сауна, и после тоа нејзината коса била упропастена. Бидејќи требала да гостува во емисијата “The Jonathan Ross Show” пејачката заклучила дека итно и треба помош, па ја повикала својата фризерка Урсула Стивен. Не сакала да ризикува со непознат фризер, па бидејќи имала малку време морала да ја доведе својата фризерка со првиот лет.