Ријана во еден ноќен клуб се забавувала на забава која ја приредиле Џеј Зи и Кање Вест по повод почетокот на нивната заедничка турнеја ‘Watch the throne’. Европскиот дел од турнејата на која раперите го промовираат истоимениот албум почнала со три концерти во Лондон овој викенд, а токму Ријана била повикана да го прослави успешниот почеток заедно со нив.


Да потсетиме, Џеј Зи е ментор на Ријана, така да пејачката е вклучена во сите нивни забави и дружења. Но, било очигледно дека девојката од Барбадос малку претерала со алкохолот, бидејќи од клубот излегла дезориентирана. Фотографите ја снимиле и како во раката држи шише со алкохол. Иако неодамна завршила на инфузија, Ријана очигледно не планира да се откаже од своите пороци.