Не само Џастин Бибер го откажал својот настап во понеделникот на светската турнеја, тоа го сторила и популарната пејачка Ријана која морала да го откаже настапот во Бостон во рамките на својата турнеја ‘Diamonds’ поради ларингитис. Таа на Твитер напишала дека и било тешко да се избори со тоа и дека е повредена што ги изневерила фановите.

Ларингитис е запаление на гласните жици, кое кај луѓето може да предизвика губење на гласот. Лекарите и наложиле да одмара и ја приморале да го откаже настапот. Следниот нејзин концерт е закажан за во Балтимор.