Пејачката Ријана била принудена да го откаже својот концерт во Шведска поради грип. Таа во соопштението се извинила на сите оние кои допатувале во Малме. Додала дека е многу разочарана и дека многу се радувала на настапот во Шведска, но болеста го направила своето. На својот твитер налог поставила фотографија на која се гледа како прима инфузија и напишала „Жал ми е Малме“.


Пејачката од Барбадос моментално се наоѓа на четвртата концертна турнеја по Европа на која го промовира својот петти албум “Loud”. Турнејата започнала во јуни во Балтимор, а би требало да заврши во декември во Лондон. Ријана, според распоредот, следниот концерт би требало да го одржи во Стокхолм.