Американската пејачка неколку часа по концертот во Цирих завршила во болница. Британските медиуми пренесуваат дека Ријана околу полноќ во придружба на возачот, телохранителот и асистентот во затемнет Мерцедес отишла во една приватна клиника.
Јa напуштила неколку часа подоцна. Портпаролот на пејачката изјавил дека таа сега се чувствува добро. Имала повредено ребро и отишла да се увери дека не станува збор за нешто сериозно. Таа моментално се наоѓа на својата европска турнеја.