Иако Крис Браун и Ријана не сакаат да потврдат дека повторно се во врска, изгледа дека повеќе не се обидуваат ни да го сокријат тој факт. Ријана одлучила со своите фанови на Твитер да подели фотографија на кој Крис Браун е до половина гол, како лежи на нејзиниот кревет опкружен со предмети со апликации од „Симпсонови“.
И додека медиумите ширум светот шпекулираат дали повторно се во врска или не, тие биле заедно на една забава по повод Денот на благодарноста, која ја напуштиле заедно, многу зближени, во раните утрински часови, а два дена подоцна се појавила и оваа фотографија на Твитер налогот на пејачката.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com