Последна во низата супер ѕвезди како заштитно лице на „Армани Џинс“ се појавила пејачката Ријана, а биле откриени и првите фотографии на кои Ријана едвај се препознава. Добитничката на „Греми“ наградите станала заштитно лице на модните марки „Армани Џинс“ и „Емпорио Армани“ за долна облека.
Со тоа ја презела работата на актерката Меган Фокс, која била заштитно лице на престижната модна куќа веќе неколку години по ред. Фотографијата се појавила на фејсбук страната на Армани, а на неа стои Ријана во црно, со подигнати раце и плава перика.