Пејачката Ријана неделно троши околу 14 илјади фунти на водечките холивудски стилисти, пренеле странските медиуми. Атрактивната пејачка наводно плаќала две илјади фунти дневно за услугите на познатата стилистка Урсула Стефан, како би била упатена во најновите модни трендови.


Член на нејзиниот тим изјавил дека Ријана сакала да биде прва кога е во прашање модниот стил, но тоа ја чинело цело богатство. Додал дека пејачката има неколку јавни настапи неделно, како и дека Урсула е нејзин близок советник. Ријана претходно изјавила дека сака да ризикува кога е во прашање модата.