Младата пејачка Ријана за Нова Година ќе ги забавува славениците во Обединетите Арапски Емирати. Во главниот град Абу Даби има намера да приреди ексцентричен и провокативен настап каков вообичаено им приредува на своите обожаватели. Костимите веќе биле спремни кога ја известиле дека ќе мора да го цензурира својот настап.


Таа одлучила да ги почитува арапските обичаи и култура, па ќе ја смени својата програма како и костимите, Моментално се наоѓа во својот роден Барбадос, каде на плажа се одмара од пренатрупаниот распоред. Се претпоставува дека со семејството и пријателите ќе остане до Нова Година.