Поп пејачката од Барбадос Ријана е најслушана, а американската ѕвезда Бијонсе најомилена меѓу жените, објави денес музичкиот сервис Спотифај по повод меѓународниот ден на жената. Според податоците на оваа популарна платформа за стриминг, нумерата “Diamonds” на Ријана е преземена 240 милиони пати.
Сепак, сопругата на Џеј Зи, Бијонсе, е омилена меѓу жените кои користат Спотифај, а била и најслушана во Соединетите Американски Држави, со песната “Drunk in Love”. На листата најсушани покрај Ријана и Бијонсе се уште и младата американска пејачка Ариана Гранде, британската Ели Гулдинг и американката Кети Пери.