Доколку мислевте дека видовте се од Ријана, се излажавте. Пејачката на својот Фејсбук профил објавила фотографии од летувањето на Хаваите, а меѓу останатите објавила и фотографии на кои е во топлес. Таа како и секогаш изгледала многу провокативно. На заслужен одмор отишла по настапот на фестивалот „Coachell“ во Калифорнија на кој меѓу останатите ги отпеала своите хитови ‘Where Have You Been’ и ‘We Found Love’.
Освен по својот настап, Ријана била запазена и по фотографиите кои ги објавила од фестивалот ка кои се гледа машка глава помеѓу нејзините нозе. Сепак, станувало збор само за член на обезбедувањето на чии рамена седела. Но, очигледно дека сака да ја предизвика јавноста со своето однесување и едвај чекаме да видиме што следно ќе ни приреди.