Светската музичка ѕвезда Ријана се појавила на ревија на модната куќа Шанел во долг бел фустан под кој не носела долна облека. Промоцијата на “Haute Couture” колекцијата во Париз, ќе остане запаметена по тоа што Ријана се појавила во комбинација каде две копчиња ја делеле од откривање на интимните делови на телото.

Кога истапила од зад автомобило и зачекорила на црвениот тепих, сите присутни биле затечени од нејзината појава. Окружена со обезбедувањето, пејачката се нишала со колковите и во еден момент се видело дека под фустанот не носи ништо. Папараците се натпреварувале да фотографираат се што можат. Модните критичари ширум светот направиле својо осврт на стајлингот на Ријана за кој рекле дека е скандалозен, но и впечатлив.