Пејачката од Барбадос на насловната на Вог позира како сирена во провокативен прозирен фустан на Шанел. Вог со насловната на Ријана обележал десетгодишнина од специјалното издание посветено на женското тело.
Минатиот месец насловната страна ја красела Лејди Гага, а Ријана била фотографирана од една од најбараните женски фотографи на светот, Ен Лебовиц. Пејачката во интервјуто за списанието меѓу останатото зборувала за своето семејство, славата и за тоа како ја одржува својата линија.