Поп дивата од Барбадос, која наполни 24 години, во филмот „Battleship“ ја глуми незгодната офицерка Раикс, која мора да се спротивстави на инвазијата на вонземјани кои со години се криеле на дното на океанот и кои одлучиле да ја нападнат човечката раса за време на една интернационална воена вежба во која учествувала комплетната американска морска флота.
Во филмот кој е во режија на Петар Берг покрај Ријана играат уште и Лиам Нисон, Александер Скарсгард и Бруклин Декер. По се изгледа ова нема да биде последен пат да ја видиме Ријана во некој филм. Таа по повод својот филмски првенец рекла дека многу и се допаѓало да глуми. Додала дека сепак ќе мора да биде внимателна кога ќе ги избира улогите кои и се нудат, бидејќи истите морале да бидат во рамките на нејзините актерски способности. Режисерот на филмот за неа имал само пофални зборови.